четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

Jaguar XF 2.7 Diesel Premium Luxury

Кај елитните модели 90 отсто паѓа на угледот, бидејќи во високата класа нема лоши, ниту просечни модели. Jaguar XF, наследникот на S-Type, заслужено го има добиено местото во тоа друштво. Тоа може да се види уште на прв поглед. Статусната англиска лимузина дава еротски привлечен стил и аристократска изведба.

Него го движи 2.7 D V6, со 207 KS и обртен момент од 435 Nm. Наследникот на моделот S-Type покрај тоа што има еротски дизајн и аристократски луксуз, има и особено силен и штедлив дизел мотор.

Новата лимузина, изгледа толку проклето добро, што слободно може да се рече дека XF, заедно со легендарниот E-Type (1961. - 1975.), веројатно е најдобриот Jaguar на сите времиња, кој слободно може да се бори со Audi A6, BMW серија 5 и Mercedes E-класа

Под каросеријата која потсетува на Aston Martin DB9 се наоѓа платформата од S-Type. Завршната обработка овој пат е на највисоко ниво, што не беше случај со досегашните модели.

Меѓуосовинското растојание  - 291 сантиметри открива дека е задржана старата платформа со докажаните својства. Димензиите на автомобилот се благо зголемени, па така сегашниот модел е 496 сантиметри долг, 187,5 широк и 146 сантиметри висок. Екстра сантиметрите му дадоа повиток и подинамичен изглед на моделот.

Причината поради која XF ви наликува на Aston Martin DB9 веројатно е поради фактот што зад дизајнот стои Англичанецот Иан Калум, кој се вбројува во петте најдобри дизајнери за автомобили.

XF, без разлика колку ќе ви звучи чудно е inside-out автомобил: од внатре изгледа попривлечно отколку од надвор. Всушност кокпитот ја открива уметничката душа. Додека моторот е изгасен, внатрешноста има придушен и поспан изглед.

Уверливите перформанси и поволната потрошувачка може да се каже дека се производ на добро испегланата аеродинамика, а за неверојатната стабилност одговорни се 19 –цолните бандажи и гумите 245/40

Автомобилот поседува „touch screen“ кој овозможува лесно прилагодување на сите секундарни функции, а меката кожа, во комбинација со хромираните украси и брусеното дрво се  проверена формула за успех. Автомобилот со луксузно – спортски стил има доволно простор околу предните и задните седишта, како што и прилега на една елитна лимузина.

Со помош на двата турбополначи од 2720 ccm даваат 207 KS при 4000/min, кои со помош на вртежен момент од 435 Nm и квалитетниот автоматски менувач ZF со шест степени обезбедува перформанси какви што и се очекува од еден Jaguar. XF до 100 забрзува за 8,2 секунди, а максималната брзина изнесува 236 km/h, иако во фабричката декларација стои дека развива 229 km/h.


Наjновo од Стил
Ревизија на Proton GEN-2
Природно до чоколаден тен
Курс за „спонзоруши“
Променливи потпетици
Секс совети за на одмор
Jaguar XF 2.7 Diesel Premium Luxury
Лезбејките го победија Лезбос
BMW M5 Touring комби
Нови информации за Honda NSX
Mazda - Kazamai концепт
Нови податоци за Kia Soul
Volkswagen подготвува помала Буба
Veyron Targa пристигнува летово
Тајно претставување на новиот Sagaris
Citroen C3 Picasso: Најмалиот уметник
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи