
|
 |
Стил / Автосвет
Нов хибрид од Toyota
Toyota потврди дека следната година, најверојатно на јануарскиот саем за автомобили во Детроит ќе ја претстави третата генерација на Prius. Неофицијално се дознава дека Toyota размислува за уште еден исклучиво хибриден модел.
 Ваквите шпекулации се поклопуваат со информациите дека следната година и Lexus ќе го претстави моделот кој ќе биде достапен само со хибриден погонски систем.
Братот на Prius ќе се произведува во фабриката во Фукуока, каде ќе се изработуваат по 100.000 примероци годишно. Се зборува дека наследникот на Prius ќе биде многу посилен од неговиот претходник и оти ќе доаѓа со мотор од 2 или 2,5 литри.
Хибридот на Lexus наводно ќе остане ист, но ќе претрпи редизајн во внатрешноста, а би требало да добие и изменета елитна ознака.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|