
|
 |
Стил / Автосвет
Tata Nano со дизел мотор
Ако може да му се верува на весникот „Economic Times of India“, тогаш Tata Motors, во соработка со германската фирма FEV, подготвува и дизел мотор за својот најевтин автомобил Nano.

Станува збор за мал common-rail турбодизел мотор со два цилиндара и запремнина од 800 ccm.За сега нема официјална потврда, ниту пак постојат технички детали, но логично е дека на Индијците нивниот Tata ќе им го понуди Nano со бензински и со дизел мотор.
Nano е долг само 310 cm. Бензинецот со сила од 33 KS троши 5 литра гориво на 100 km. Максималната брзина му е 96 km/h, а продажбата во Индија треба да започне кон крајот на годинава и тоа по цена од 2.500 американски долари.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|