
|
 |
Стил / Автосвет
Kia Sportage
Kia ги објави фотографиите и спецификациите за рестилизираниот компактен SUV модел, Sportage. Измените се минимални и претежно се визуелни, а има промени и во дизелскиот агрегат.
 Sportage доби нова решетка, браник и нови понагласени штитници од кал. Надворешните измени ги комплетираат бандажите кои сега имаат сосема нов дизајн.
 Ентериерот е освежен со редизајнираната контролна табла и панел со инструменти, како и со новите материјали. За жал Kia се уште нема објавено официјални фотографии од внатрешноста на автомобилот.
 Основниот модел, како и претходно доаѓа со бензинец со 141 KS и погон на предните тркала. Нешто поголеми перформанси ветува TDI со 150 KS, додека на врвот на понудата се наоѓа 2,7-литарскиот V6 со 175 KS и AWD погон.

Се уште останува да се види дали новите измени ќе успеат да го стават Sportage во ист ранг со сега најпродаваните модели Toyota RAV4 и Hyundai Tucson.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|