среда, 06.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

Официјални податоци за Golf 6

VW ги објави фотографиите и деталите за шестата генерација на Golf. Компанијата од првата генерација на Golf па се до денеска има продадено над 26 милиони примероци, а според зборовите на Мартин Винтеркорн, претседател на извршниот одбор на компанијата, таа традиција веројатно и ќе продолжи.

„Шестата генерација на Golf потполно ќе го предефинира квалитетот и комфорот на класата на која и припаѓа, а  нашите купувачи, за вложените средства ќе добијат многу повеќе, повеќе од било кога досега“, изјави Винтеркорн.

Од новините кои ги носи новиот Golf треба да се наведат Euro 5 моторите, кои се и до 28 отсто поекономични, потоа DCC систем на адаптивната контролна шасија, ACC системот за автоматско одржување на оддалеченост и системот за асистенција при паркирање. Стандарден дел од опремата се дневните светла и детекцијата на врзување на појасите на задните седишта.

Кога станува збор за понудата на мотори кај Golf можеби е најдобро да се тргне од дизел варијантите. На самиот почеток на продажбата VW ќе понуди два 2.0 TDI мотора со 110, односно 140 KS, иако во соопштението се наведува дека во комплетната понуда ќе се вклучени и моторите со сила од 90 до 170 KS.

Новиот 2.0 TDI со 110 KS ги исполни очекувањата, особено е економичен и според податоците од VW троши 4,5 литри на 100 километри врши емисија од 119 грама  CO2 на еден километар. Другиот TDI со 140 KS троши само 0,4 литри повеќе на 100 km и врши емисија од 129 грама  CO2 на еден километар.

Понудата на бензински мотори е нешто побогата и опфаќа 4 мотора со сила од 80 KS до 122 KS (59 kW / 80 KS, 75 kW / 102 KS, 90 kW / 122 KS и 118 kW / 160 KS). Понудата на TSI мотори почнува со 1.4 TSI кој развива 122 KS.

Основниот морот со 80 KS според информациите од VW троши 6,4 литри на 100/km со емисија од 149 g/km CO2. TSI со волумен од 1,4 литра со 122 KS троши 6,2 литра на 100 km со емисија од 144 g/km CO2. Другиот мотор има идентичен волумен, но доаѓа со 160 KS и нуди исто така солидна економичност од 6,3 литри на 100 km. Споредено со пензионираниот FSI мотор со сила од 150 KS новиот TSI троши 1,6 литра помалку на 100 km.

VW ќе ја прошири понудата на DSG менувачи, па така овој менувач ќе биде замена за конвенционалниот автоматски менувач. СО исклучок на основниот модел на Golf, сите мотори ќе морат да се управуваат со DSG менувач.

Во зависност од максималниот вртежен момент DSG ќе има 6 или 7 брзини. За тоа колку е ефикасна комбинацијата на TSI мотори и DSG менувачи треба да посведочат податоците од VW: 1.4 TSI со 160 KS и 7-степенски DSG менувач троши 6 литра на 100 km со емисија од 139 g/km CO2. Оваа комбинација би требало да го замени 2.0 FSI моделот со 150 KS и 6-степенски автоматски менувач, кој трошеше 8,3 литри на 100 km.

Кога станува збор за безбедноста, односно за активната и пасивната сигурносна опрема Golf-от ја носи и новата генерација на ESP системи кои би требало да понудат подобра реакција во критични ситуации, а од пасивната опрема тука се седумте воздушни перничиња, вклучувајќи ја и заштитата за колена, како и активните потпирачи за глава.

Цената на основниот модел во Германија ќе изнесува 16.500 евра што е за само 200 евра повеќе од актуелната пета генерација. Новиот својата премиера ќе ја доживее на претстојниот париски саем на автомобили, за кога е закажан и почетокот на неговата продажба.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Официјални податоци за Golf 6
Направете тело во форма на буквата V
Не ја планирајте иднината
Се поголем број Италијанци си ги разменуваат сопругите
Dirty talks секаде и во секое време
Kia Sportage
Шминката ве убива?!
Saab со нов концепт во Париз
Tata Nano со дизел мотор
Најава за кабрио Fiesta
Чудни автомобили
Се враќа Opel Calibra
NICE Ze-O - автомобил на струја
Нов хибрид од Toyota
Ревизија на Proton GEN-2
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи