
|
 |
Стил / Автосвет
Најмало комбе на светот
Енди Саундерс успеал за само три дена својот 2,5 метра висок VW Camper да го скрати и од него да направи верзија висока само еден метар.
 Воланот на возилото е поставено пониско и централно, додека останатите системи се прилагодени за нормално функционирање.
Возилото има капацитет да пренесе два патника. Саундерс вели дека во градот секогаш добива бесплатно паркирање бидејќи рампите на паркинзите се повисоки од неговото возило.
И покрај тоа што во задниот дел на возилото може и да спиете, ова не е препорачливо особено не за оние кои се клаустрофибични. Со максимална брзина од 80 km/h ова бизарно возило го привлекува вниманието на сите, без разлика каде и да се појави.
Саундерс, кој комбито го купи за 1.000 фунти, вели дека му било предизвик да го направи најмалото комби на светот и тоа за само три дена.

„Го правев пред публиката на Bug Jam VW фестивалот. Секој ден од шест часот наутро почнувавме со работа, тоа беше најтешката работа која досега сум ја правел“, изјави Саундерс.
Најголемиот проблем, како што вели Саундерс било снижување на кровната конструкција, а после тоа следел другиот проблем, поместување на воланот во средина и поставување на потполно новиот систем за управување.
„Се пријавивме за Гинисовата книга за рекорди, од каде ни потврдија дека ова дефинитивно е најмалото комби во светот“, вели Саундерс.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|