
|
 |
Стил / Автосвет
Progetto 940 - новата душа и срце на Alfa Romeo
Alfa Romeo во 2009 година ќе ја замени сегашната 147-ца со нов покомпактен модел изработен на платформата на Fiat Brava и Lancia Delta. На интернет веќе се појави и рендер од идниот италијански хит.
 Новиот Alfa Romeo, кој е инспириран од последниот модел, MiTo, како и од суперспортскиот 8c Competizione, засега се крие под кодното име Progetto 940.
Новиот модел ќе ја користи унапредената платформа на Fiat Brava, што ќе придонесе за поскладни димензии (435x180x143 cm) и попространа внатрешност.
На истата платформа се развива и првиот SUV на Alfa, Kamal, кој својата премиера може да ја очекува во 2010 година. Во понудата на агрегати ќе се најдат и новите дизел и бензински турбо мотори на Fiat.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|