
|
 |
Стил / Автосвет
Спачек ќе добие наследник?!
Пред 60 светот се запозна со еден од најинтересните и најнеобичните автомобили на сите времиња, легендарниот Citroën 2CV. Францускиот дизајнер Давид Портела ја открива својата визија на наследникот на „легендата“.
 Со оглед на фактот што годинава се навршуваат шест децении од познатиот модел, фановите со нетрпение го чекаат настапот на Citroën на саемот за автомобили во Париз.
 Автомобилските легенди, VW Буба, Mini, Fiat 500, а наскоро и Topolino, веќе добија свои наследници. Останува нејасно зошто францускиот произведувач се уште го нема направено истото.
 Сепак, Давид Портела не седеше со скрстени раце, веќе направи предлог како би требало да изгледа новиот Спачек. Како што и самиот вели, облиците кои се применети се особено едноставни, речиси геометриски. Дизајнерот се смета дека неговиот предлог не само што би го надминал претходникот, туку би поставил и нови стандарди во светот на аеронаутиката.
 Станува збор за микс од неколку стила, поточно од 40-ите и 50-ите години од минатиот век, со примеси на футуризам. Портела вели дека автомобилот би можел да биде околу 420 сантиметри долг и да се движи на некој вид на хибриден мотор.
 Иако концептот е направен уште во 2005 години, Citroën никогаш не го контактирал Портела. Сепак познатиот дизајнер, кој е голем фан на 2CV не губи надеж дека француската компанија на парискиот саем ќе приреди големо изненадување и ќе овозможи воскреснување на уште еден величествен модел од историјата на автомобилизмот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|