Стил / Автосвет
Arden Jaguar AJ21 XF
После моделот XKR, германската тјунинг куќа Arden го модификуваше и Jaguar XF, именувајќи го како Arden AJ21.

Arden AJ21 поседува посилен мотор, но има и значителни модификации на каросеријата и ентериерот.
Дизајнот на предниот дел е значително изменет благодарение на новиот браник со поголеми отвори за воздух, како и на предната решетка изработена од челик кој не ’рѓосува.

Вниманието го привлекуваат и LED светлата поставени на страничните отвори за воздух, кои инаку служат за ладење на кочницата. Задниот дел, по направените измени на дифузорот, спојлерите и на издувните цевки, сега изгледа поскладно и поагресивно.
 Arden нуди унапредени перформанси на сите четири мотора кои се вградуваат во моделите на XF, почнувајќи од V6 2,7 дизел агрегатот па се до V8 4,2 литарскиот бензинец. На врвот на понудата на компанијата Arden е 4,5 литарскиот V8 со 500 KS и максимален вртежен момент од 640 Nm.
 Од останатите модификации вреди да се издвои и новата суспензија и тркалата, кои овој пат доаѓаат со 21 инчни бандажи изработени од лесна легура.
|