понеделник, 18.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

Враќање на американската легенда

Покрај Corvette, Mustang, Challenger и Avenger, меѓу легендарните американски спортски автомобили се вбројува и Camaro, моделот на Chevrolet кој за првпат беше прикажан во далечната 1966 година.

До 2002 беа претставени четири генерации на Camaro, а пред две години се појави концептот кој ја најави петата генерација. Извесен период се нагаѓаше дали новиот Camaro воопшто ќе се појави на улиците, но челниците на Chevrolet дадоа зелено светло за сериско производство.

Дизајнот на новата генерација е многу сличен на концепт-моделот кој беше многу сличен на оригиналот од 60-ите години на минатиот век. И покрај тоа што се истакнува со своите ретро линии, сепак Camaro е особено софистициран автомобил

Новата генерација има изедначен распоред на тежина меѓу осовините, варијабилен сервоуправувач, напреден ESP систем, силни кочници, V8 мотор, во комбинација со рачен менувач, а тука е и се попопуларната „launch control“ функција. Исто така треба да се истакне дека новиот модел ќе има опција за прилагодување на бројот на активни цилиндри, со што треба да се контролира и потрошувачката на гориво.

Базниот модел на Camaro ќе доаѓа со 3,6-литарски V6 мотори и 300 KS, додека спортската SS варијанта ќе ја движи моќниот 6,2-литарски V8 кој развива 422 KS. И двата мотора сериски ќе се испорачуваат со шестбрзински рачен менувач, но како опција не нуди и автоматски.

Независно од моделот, новиот Camaro доаѓа со богата опрема, односно со кожни седишта, автоматизиран клима уред, врвен аудио систем, Bluetoothom и слушање на музика преку USB.

Новото издание на спортскиот автомобил на Chevrolet на европскиот пазар се очекува да пристигне во текот на 2010 година. Цената се уште е непозната.


Наjновo од Стил
Враќање на американската легенда
Роналдо избран за нова геј икона
Како да го уништите сексуалниот живот?!
Ана Курникова се разголе за 'Maxim'
Volvo го оживува VCC концептот
Седум пати невеста, само да е во венчаница
Со контрацепција до погрешниот маж
Arden Jaguar AJ21 XF
Нов Hyundai Coupe
Спачек ќе добие наследник?!
Progetto 940 - новата душа и срце на Alfa Romeo
Suzuki Alto - нова генерација
Најмало комбе на светот
Загина дизајнерот на „Ферари“ во сообраќајна несреќа
Официјални податоци за Golf 6
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи