
|
 |
Стил / Автосвет
Toyota најави хибриди од сите модели
Јапонскиот произведувач на автомобили Toyota потврди дека до 2020 година планира во понудата за секој модел од нејзините автомобили да биде вклучена и хибридната изведба.
 Претходно се проширија информации дека јапонскиот производител планира да ја прошири својата понуда на хибридни модели, но ова е првата официјална потврда на таквата информација.
Една од главните причини за ваквата одлука на Toyota е процената дека зголемената цена на горивата ќе придонесе за се поголема побарувачка на ваков тип на автомобили и оти свеста на возачите ќе се зголеми.
 Од Toyota истакнуваат дека досегашната продажба на еден милион од нивните хибриди директно помогнала за намалување на емисијата за над 3 милиони килограми јаглерод диоксид во атмосферата.
Покрај хибридите, Toyota продолжува со истражувањата и развојот на други алтернативни погони, од типот на plug-in хибридите и слично.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|