
|
 |
Стил / Автосвет
Mitsubishi Pajero Sport
Mitsubishi на саемот за автомобили во Москва ќе го престави новиот Pajero Sport, кој на штандот ќе се најде веднаш до концептот рели Dakar верзијата на Lancer.
 Станува збор за SUV возило со седум седишта, кое на пазарот ќе се најде до крајот на годинава. Главни пазари секако дека ќе бидат Русија, југоисточните азиски пазари и Јужна Америка.
На пазарот на Австралија и на Јужна Америка возилото ќе го носи името Challenger. Изненадувачки и фактот што Mitsubishi одлучи Pajero Sport да не појави на пазарите во Централна и Западна Европа, како и во Северна Америка.
Новиот модел е со нешто поголеми димензии од своите претходници: должина 4,695mm (претходникот 4,620mm); ширина 1,815mm (1,775mm); висина 1,800mm (1,730mm); и меѓуосовнинско растојание 2,800mm (2,725mm).
Главен адут на ова возило е Super Select 4WD систем на сите тркала, а како опција е ставена и евентуалната блокада на задниот диференцијал.
 Кога е во прашање погонот, Mitsubishi за сега го потврди само 3,2 литарскиот турбодизел со 162 KS и 343 Nm максимален вртежен момент, но се очекува да се појави и помалиот 2,5 литарскиот турбодизел, како и 3,5 литарскиот V6 бензинец.
Силата се пренесува на сите тркала со помош на 4-степенскиот автоматски Sport Mode или 5-степенскиот мануелен менувач. Продажбата ќе започна набрзо, веднаш после претставувањето на возилото, закажано за следната недела.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|