
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Премиера на Chevrolet Cruze во Париз
Chevrolet Cruze своето први и официјално претставување ќе до доживее на парискиот саем за автомобили. Ви ги претставуваме првите официјални фотографии и податоци на финалниот сериски модел.
 Chevrolet Cruze е уште еден од GM таканаречени глобални модели кои ќе се продаваат на северноамериканскиот, европскиот и азискиот пазар.
Cruze е потполно нов производ, а на приложените слики може да се види европската варијанта. Американската изведба ќе има посебна моторизација. Во Азија Cruze ќе се продава под знакот на Daewoo.
 Станува збор за мала семејна лимузина која во Европа, кога ќе почне да се продава следната година во март, ќе биде достапна со еден дизел мотор и два бензинци.
Бензинците ќе бидат 1,6 и 1,8-литарски со 112 и 140 KS. Врв на понудата ќе биде 2,0-литарскиот турбодизел со 150 KS и максимален вртежен момент од 350 Nm.
 Наведените мотори ќе бидат стандардно управувани со 5-степенски рачен менувач, додека 6-степенскиот автоматски ќе биде дел од опционата понуда.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|