
|
 |
Стил / Автосвет
ABT Audi Q5
Тјунерската куќа ABT го претстави пакетот модификации на неодамна претставениот компактен SUV Audi Q5. Вниманието во овој случај го привлекуваат модификациите на каросеријата, за кои слободно може да се каже дека се поприлично драматични.
 Предниот и заден браник претрпеа најмногу измени, пред се во поглед на отворите за воздух и на отворите низ кои минуваат двете издувни цевки. Набилданиот изглед на возилото е последица на проширените штитеници од кал, како и огромните 20 цолни тркала..
ABT исто така ја зголеми снагата на моторот, па така нивната верзија на Audi Q5, која досега доаѓаше со 3,0 литарски V6 TDI со 240 KS, предвиден за S power пакетот, добива 310 KS и610 Nm максимален вртежен момент. Силата на 2.0 TDI моторот е зголемена од 170 на 190 KS, додека 2,0 литарскиот TFSI сега наместо 211 има 240 KS.
 ABT кај Q5 вгради електронска CDC воздушна суспензија со ABT level Control, што придонесе за намалување на висината на возилото и за добивање на пониско тежиште.
Првиот примерок на ABT Audija Q5 ќе се најде на улиците кон почетокот на 2009 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|