понеделник, 01.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

Audi R8 и во тркачка верзија

Спортскиот оддел на Audi ги обелодени плановите за развој на тркачка верзија на моделот R8, кој ќе се појави на натпреварите во класата GT3.

Audi R8 досега беше наменет само за приватните тимови, но благодарение на усогласувањето со правилата на GT3 класата на автомобили, овој модел ќе стане соодветно возило за повеќето национални и меѓународни шампионати.

Најавената снага на GT3 верзијата е околу 500 KS, а согласно правилата, таа ќе се пренесува на задните тркала и тоа со помош на шест степенската секвенцијална трансмисија.

Суспензијата останува речиси негибната. Најголемиот дел од измените ќе бидат сконцентрирани на аеродинамиката на возилото, а тоа, според најавите, ќе се добиен со модифицирање на предниот дел и со огромниот стабилизатор на задниот крај.

Audi R8 GT3, кој во моментов ја носи кодната ознака R16, месецов ги мина првите тестови. Зад воланот на прототипот седна фабричкиот возач Френк Биел.

Автомобилите, кои ќе се произведуваат во унгарската фабрика во Györ, ќе паднат во рацете на првите купувачи дури во втората половина на следната година.


Наjновo од Стил
Audi R8 и во тркачка верзија
Хеланки, нова мода за метросексуалци
Препознајте го неверството
Сакав да станам калуѓерка
Жените живеат подолго
Бродски дизајн за Volkswagen
Ја продава невиноста на интернет
ABT Audi Q5
Започна производството на Qashqai+2
Премиера на Chevrolet Cruze во Париз
Еколошка педала за гас
Mitsubishi Pajero Sport
Toyota најави хибриди од сите модели
И Daimler подготвува електрично возило
Враќање на американската легенда
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи