сабота, 30.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

Бродски дизајн за Volkswagen

Новиот модел на Volkswagen, Caddy Topos Sail Design Concept, е возило наменето за оние кои уживаат во кампувања и сонце. Она што е интересно, е што покривот на ова комбе е направен од дрвена платформа со морнарски дизајн, која ја има на палубите на бродовите.

Идеите за ваквиот дизајн, се земени од класичните јахти, каде мултифункционалниот дрвен покрив е опколен со алуминиумска ограда. На задната врата од возилото, се наоѓаат четири скалила изработени од дрво и алуминиум кои водат до покривот. Како додатен дизајн, од страните на возилото и задниот браник е употребено дрво за да се добие префинет изглед.

Палубата на покривот може да се прилагоди во удобно место за лежење и уживање во патувањето. Дрвениот покрив, за разлика од стандардните метални, не ја апсорбира топлината, што го прави за 1000 пати поладен и воедно е поелегантен.

Ова возило е направено според највисоките стандарди и е со тригодишна гаранција. Неговата промоција ќе биде на саемот за рекреативни возила во Диселдорф, кој трае се до 7 септември.

Возилата за кампување на Volkswagen, станаа популарни уште во 1950 година, а калифорнискиот модел беше претставен во 1988 година, кога започна производството на третата генерација на Volkswagen Transporter. До сега се продадени повеќе од 80.000 вакви возила, со што Volkswagen претставува една водечките автомобилски индустрии за камперски возила.




Наjновo од Стил
Бродски дизајн за Volkswagen
Ја продава невиноста на интернет
Што сонуваат жените, а што мажите?
И многу секс не е на арно
Кои се вистинските Европејци
Peugeot RC најава за 408
Прашајте пред да речете „ДА“
ABT Audi Q5
Започна производството на Qashqai+2
Премиера на Chevrolet Cruze во Париз
Еколошка педала за гас
Mitsubishi Pajero Sport
Toyota најави хибриди од сите модели
И Daimler подготвува електрично возило
Враќање на американската легенда
Volvo го оживува VCC концептот
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи