петок, 26.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

9ff најави тјунерски измени за Panamera

Лимузината на Porsche, односно coupe со четири врати би можело да се најде на пазар најдоцна до средината на следната година. Во меѓувреме германската тјунерска компанија 9ff веќе направи свој performance пакет.

9ff, позната по суперавтомобилите како што се GT9 или 911 Turbo Cabrio со сила од 780 KS, на службените скици најавува како би можела да изгледа Panamera со нивните performance измени.

Со оглед на фактот што Panamera се уште е недостапна, поточно дека Porsche се уште прима преднарачки, од 9ff потсетуваат дека станува збор за проект кој се уште е во почетните фази на развој.

Засега нема никакви официјални технички информации за изведбата на 9ff, но од друга страна новите рендери ни даваат увид во конечниот изглед на Panamera, особено кога станува збор за обликот на стаклените површини, светлата и изгледот на задниот дифузор.

За крај, да потсетиме дека и Panamera ќе биде достапна со неколку различни мотори, од 3,6 V6 па се до 4,8-литарски би-турбо V8 погон кој веројатно ќе  биде основата на performance пакетот 9ff.


Наjновo од Стил
Блискост – клуч за среќен љубовен живот
9ff најави тјунерски измени за Panamera
10-те најромантични подароци
BMW серија 7 ActiveHybrid
Како да останеш смирен пред привлечна жена?
Чевлите доминантни на модните недели
Дебелите мажи потешко прават деца
Pontiac G8 GXP Coupe
Пишувањето пораки полошо од алкохолот
Кинеска мини рикша
Audi R8 и во тркачка верзија
Бродски дизајн за Volkswagen
ABT Audi Q5
Започна производството на Qashqai+2
Премиера на Chevrolet Cruze во Париз
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи