
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Alfa Romeo Brera TI во Париз
Италијанскиот произведувач Alfa Romeo се подготвува за светската премиера на топ моделот Alfa Brera TI, која ќе се случи на претстојниот саем на автомобили во Париз.
 Alfa Brera TI доби поцврста спортска суспензија и значително подобри кочници, 19 цолни тркала, а дизајнот на бандажите е инспириран од моделот Alfa 8C Competizione.
Alfa Brera TI засега ќе биде достапна со два мотора, 2.2-литарски JTS четирицилиндричен бензински мотор со директно вбризгување на бензин, со 185 KS. Појаката верзија ќе ја движи 3.2 JTS V6 24V бензински мотор со директно вбризгување, кој развива 260 KS, што е и повеќе од солидно.
 Внатрешноста на Brera TI е пресоблечена во фина мека кожа, а тука се и седиштата со изглед на школка како и спортскиот детаљ, TI логотипот.
Деловите на конзолата се изработени од алуминиум, како и алуминиумските педали, а воланот е преслечен во кожа, се во спортскиот TI стил. Засега не е позната цената на Alfa Brera TI, но од компанијата велат дека ако се земат предвид цените на конкуренцијата, нивната ќе биде особено поволна.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|