недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

SLR McLaren Roadster 722 S

За претстојниот париски саем за автомобили, кој ќе се одржи од 04-ти до 19.10.2008 година, Mercedes-Benz подготви специјално издание на SLR Roadster, кој ќе се појави под ознаката 722 S.

722 изданието е базирано на hardtop изданието на Mercedes SLR, претставено пред точно две години на парискиот саем, сега во француската престолнина пристига и претпоследната изведба на SLR, која ќе го добие суфиксот S.

За потсетување, Mercedes-Benz SLR McLaren 722 Edition настана во чест на незаборавната победа на британските легенди Стирлинг Мос и неговиот совозач Денис Џенкинсон на трката Mille Miglia во 1955 година, и тоа со стартно време 7:22.

Како и „обичното“ 722 Edition, така и S изданието ќе го движи 5,5-литарскиот V8 мотор, рачно изработен од AMG. Погонот со помош на компресорот ќе развива 650 KS и 820 Nm вртлив момент.

Преносот е петстепенски, автоматски, за 3,7 секунда развива до стотка, односно за 10,6 секунди до 200 km/h. Максималната брзина изнесува 335 km/h. 722 S доаѓа со 10 mm пониска суспензија, потврди амортизери, со посилни карбонско-керамички кочници и со поаеродинамичен bodykit.

Како и 722 Edition, така и 722 S ќе биде произведен во 150 примероци, а продажбата на европскиот пазар се очекува кон почетокот на јануари 2009 година.


Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Нов мотор за S5
Патничка изведба на Ferrari Ф1?!
Brabus Tesla Roadster
Ducati 1198
Hamann го тјунираше BMW X6 crossover
Ferrari F430 M16 Scuderia Spider
Seat го претстави Leon Linea R
Nismo 370Z
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи