
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Нови фотографии од Aston Martin One-77

Aston Martin објави фотографија од новиот топ модел кој во моментов ја носи кодната ознака One-77, во меѓувреме на интернет се појави серија на фотографии од овој автомобил.
 Покрај фотографиите, се појавија и повеќе контрадикторни информации за новиот мотор на Aston Martin. Сепак информациите не се драстично различни. Според наводни инсајдерски информации, One-77 ќе го движи 7-литарски V12 мотор со 700 KS и 750 Nm максимален вртлив момент и 6-степенски автоматизиран мануелен менувач.
 Основата на автомобилот ќе биде од монокок шасија, изработена од карбонски влакна и рачно вклопени панели, активни аеродинамични компоненти, а како резултат на сето тоа се добива возило тешко 1.500 килограми.
 V12 моторот би требал да обезбеди забрзување од 3,5 секунди до 96 km/h, додека пак максималната брзина би требало да надмине 320 km/h. Портпаролот на Aston Martin изјави дека, One-77 истовремено им дава можност на идните сопственици да го персонализираат својот автомобил.
 Сопствениците ќе можат да влијаат на голем број компоненти, почнувајќи од изборот на менувачот па се до изгледот на ентериерот. Портпаролот соопшти дека до крајот на годинава концепт верзијата ќе биде претставена пред одреден број на клиенти на компанијата, додека финалната верзија ќе може да се очекува до крајот на идната година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|