
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Lamborghini Estoque
После неколку недели, Lamborghini одлучи конечно да ја прекине играта со објавување фотографии од одредени делови од нивниот концепт - автомобил и конечно целосно да го претстави концептот Estoque, најавен како нешто потполно ново.
 Од Lamborghini го опишуваат Estoque како чист концепт – coupe со четири врати, чие производство сè уште е неизвесно. Моторот е позициониран напред, зад предната осовина, но се категоризира како централно поставен.
 Димензиите на концептот се особено импресивни: 5,15 метра долг, 1,99 метра широк и 1,35 метра висок. Меѓуосовинското растојание изнесува 3,01 метар.
 Во официјалното соопштение Lamborghini како погонска опција за Estoque го предвидува V10 моторот Gallardo-a LP 560-4, додека алтернатива би бил V8 turbo моторот. Согласно светските тенденции за се поголема економичност на возилата, од компанијата наведуваат дека размислуваат и за воведување и на V8 хибрид, па дури и за дизел мотор со високи перформанси.
Estoque е изведено од зборот со кој е опишува мечот долг 90 сантиметри, кој го користат матадорите при борбата со бикови.
 Lamborghini дизајнот на концепт- автомобилот го опишува како екстремен, бескомпромисен и непогрешно италијански, токму како и претходните дизајни на Lamborghini, со таа разлика што сега во него посебен акцент е ставен на практичноста.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|