недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

Претставен Audi A1 Sportback

Главна париска атракција на производителот од Инглошатд е студиската најава на малиот премиум автомобил. Станува збор за концептот A1 Sportback, кој е олицетворение токму на она што во блиска иднина и се очекува од Audi.

За потсетување, ова е втор A1 концепт, првиот беше токискиот Metroproject Quattro. Основната разлика ја прават дополнителните врати на париската студија. Покрај петте врати, A1 Sportback е 3,99 метри долг и 1,75 метри широк.

A1 Sportback го движи 1,4-литарски TFSI мотор со 150 KS, во комбинација со електричен мотор од 27 KS и со максимален вртлив момент од 150 Nm. Со помош на 7-степенскиот S-tronic менувач овој plug-in хибриден погонски склоп го придвижуваат предните тркала.

Електричниот мотор, покрај тоа што го помага конвенционалниот погон, со помош на енергијата која ја црпи од сетот литиумски батерии може и самостојно да го движи автомобилот, но на кратки релации.

Според фабричките податоци, овој концепт-автомобил постигнува забрзување од 100 km/h за само 7,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 200 km/h. Просечната потрошувачка на гориво изнесува 3,9 литри на 100 километри, а емисијата на јаглерод диоксид е се на се 92 g/km.

Секако треба да се спомене и stop-start системот, со кој наведените бројки можат донекаде и да се намалат. Тука е и прогресивниот електромеханички управувач и суспензијата која дополнително го подобрува управувањето на автомобилот.

Претходно, како основна разлика меѓу Metroproject и Sportback го споменавме дополнителниот пар на врати, но тука е и новиот дизајн на маската на моторот, спуштената линија на кровот, 18 цолните бандажи и слично. Во богато опремената внатрешност може да се сместат четири возрасни лица.


Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Нов мотор за S5
Патничка изведба на Ferrari Ф1?!
Brabus Tesla Roadster
Ducati 1198
Hamann го тјунираше BMW X6 crossover
Ferrari F430 M16 Scuderia Spider
Seat го претстави Leon Linea R
Nismo 370Z
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи