
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Рестилизирана Mazda MX-5
Mazda конечно ги објави деталите за рестилизираниот roadster MX-5 и тоа на саемот за автомобили во Париз. Моделот кој се очекува да се појави во текот на следната година има редизајниран преден дел, прагови и заден браник.
 Силен впечаток кај новата Mazda MX-5 остава предниот браник со големите процепи за воздух, штитниците од кал, како и нагласените прагови.
 Ентериерот не претрпе значителни измени, освен новиот панел со инструменти и Recaro седиштата. Овој пат копманијата се одлучи за нешто потемна нијанса на ентериерот.
 Mazda MX-5 е достапна со 16 и 17 инчни тркала и алумниумски бандажи. Каросеријата се среќава во неколку бои и тоа алуминиум, метрополитан сива и сончогледово жолта.
 Максималната брзина на моторот е зголемена на 7.500 вртежи во минута. Максималниот вртлив момент е 188 Nm. Менувачот и понатаму е мануелен и шестстепенски.
Редизајнираната Mazda MX-5 на европскиот пазар се очекува во првата половина на следната година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|