
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Toyota Avensis - трета генерација
Третата генерација на Avensis својата премиера ја доживеа на парискиот саем за автомобили, а веќе во јануари ќе се најде во продажба. За разлика од својот претходник, на кого е базиран, Avensis е подолг за 50 милиметри.
 Вкупната должина на автомобилот е 4.695 милиметри (4.765 караван), меѓуосовинското растојание е исто и кај двете верзии – 2.700 милиметри, висок е 1.480 милиметри (како и претходникот). Ширината на автомобилот е за 50 милиметри поголема и изнесува 1.810 милиметри.
 Како и повеќето производители и Toyota најмногу се фокусирала на економичноста и на намелената емисија на издувни гасови. Од компанијата тврдат дека нивниот бензински мотор со Valvematic технологија емитува 10 до 26 отсто помалку CO2, додека емисијата на CO2 D-4D дизел моторот е помала од 10 отсто.
 Toyota на купувачите на Avensis ќе им понуди широка палета на мотори, од бензинските мотори на располагање ќе бидат 1.8 и 2.0 со Valvematic технологија и 147, односно 152 KS.
Главна предност на 2-литарските мотори е вртливиот момент од 196 Nm наспрема 180 Nm на 1,8 –литарскиот мотор. Двата мотора постигнуваат максимален вртлив момент од 4000 вртежи во минута и се посилни од своите VVT претходници.
 Во дизел понудата влегуваат трите модела: 2.0-литарскиот D-4D 125 (126 KS и 310 Nm, и максимален вртлив момент од 1.800 до 2.400 в/мин.), 2.2-лиатрски D-4D 150 (150 KS и 340 Nm и максимален вртлив момент од 2.000 и 2800 в/мин. ) и 2.2 D-4D 180 (177 KS и 400 Nm и максимален вртлив момент од 2.000 до 2.800 в/мин.).
 Времето за забрзување до 100 километри на час е објавено само за најсилниот дизел мотори и изнесува 8,5 секунди. Toyota ќе понуди и два типа на трансмисија: Multidrive S за бензинските мотори и нов 6-степенски автоматик за дизел моторите. Multidrive S е менувач со CVT технологија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|