
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Ford Fiesta Van наскоро на европските пазари
Ford на саемот на комерцијални возила во Хановер IAA кој заврши мината недела го претстави Fiesta Van моделот, кој претставува комбинација од модерното и практичното, Kinetic дизајн.
 Fiesta Van е базиран, секако на новата генерација на моделот Fiesta и се очекува до крајот на годинава да се најде на европскиот пазар. Fiesta Van има над 1000 литра багажен простор, со максимална должина на багажот од 1,3 метри, максимална ширина од 1,278 метри, и висина од 936 милиметри.
Fiesta Van ќе биде особено евтина за експлоатација, а ќе се нуди со 1,25 16V Duratec мотор со сила од 82KS, 1,4-литарски Duratorq дизел мотор со 68 и 1,6 Duratorq дизел од 90KS. Просечната потрошувачка на дизел моторот би требала да биде околу 4 литри на 100 изминати километри, а емисијата на CO2 околу 110 грама на километар..
 Ford на новиот Fiesti Van нуди електричен серво засилувач, кој е особено прецизен и троши малку електрична енергија, што позитивно влијае на економичноста на возилото.
 При возење, возачот ќе добие асистенција од богатата сигурносна опрема која содржи ABS и EBD системи, додека како опција се нудат ESP и EBA системите. На IAA беше прикажан и новиот мотор за Ford Transit. Станува збор за 2,2-литарски Duratorq TDCI мотор, кој развива 115KS/300Nm и кој доаѓа со шестстепенски мануелен менувач.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|