
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Заврши дизајнерскиот натпревар на Peugeot
Peugeot за време на „Paris Motor Show“ го прогласи победникот на својот петти натпревар во дизајн. На годинешното жири најголем впечаток му остави еден од футуристичките модели, наменет за сообраќајот во идните мегаполиси.
 Авторот на победничкиот нацрт „ Study RD“ е 25-годишниот колумбиски дизајнер Карлос Артуро Торес Товар. Покрај престижната награда, младиот Колумбиец освои и парична награда од 10.000 евра. Неговиот дизајн освен жирито, ја одушеви и публиката која гласаше преку Интернет.
 Зад Карлос Артур се најдоа Емре Јазици од Турција со неговиот „Ego“, потоа Кинезот Лоу Ке со студијата „OXO“ и Германецот Онур Гувенц со моделот „Rugir“ кои се најдоа во финалето на натпреварот.

Сега следува изработката на моделот „RD“ во димензии 1:1 и негово излагање на „Shangai Motor Show“, кој треба да се одржи во април 2009 година. Новиот Peugeot натпревар започнува кон крајот на годинава, а како учесници можат да се јават сите кои имаат оригинален нацрт на возило.
|

|
|
Второпласираниот дизајн „Ego“ на Турчинот Емре Јазици
 |
| Третопласираната дизајн студија „OXO“ на Кинезот Лоу Ке | | | |
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|