
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Arash AF10
Две години откако го претстави својот прв прототип, британската компанија Arash го претстави дизајнот на нејзиниот прв супер автомобил, чие производство треба да започне кон почетокот на 2009 година.
 Arash AF10, чија цена ќе биде „само“ 215.000 евра има за цел да ги привлече купците на помалите произведувачи како што се Koenigsegg и Pagani. При конструирањето на AF10, вклучувајќи ја и шасијата, се користени карбонски влакна, се со цел да се одржи тежина под прифатливите 1.200 килограми.
 Ова значи дека AF10 ќе биде за 160 килограми полесен од Ferrari Enzo, а од McLaren SLR за речиси половина тон. Под поклопецот на моторот се наоѓа тјунираниот Corvette Z06.
Седумлитарскиот V8 мотор со 530 KS ја пренесува силата на задните тркала и тоа со помош на 6-степенскиот мануелен Graziano менувач.
 Оставена е можност за уште посилен V8 motor Corvette ZR1 во комбинација со компресор кој максималната сила би ја зголемил на 640 KS.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|