Наследник на Alfa 147 - Alfa Romeo Milano

Alfa Romeo привршува со развојот на својот најнов компакт модел Milano, кој претставува наследник на особено атрактивниот модел 147. Каросеријата засега би требало да биде исклучиво со пет врати, бидејќи улогата со три врати во потполно ја презеде Alfa MiTo.

Alfa Milano ќе влезе во малку поелитното друштво, па ќе биде главен конкурент на VW Golf, Audi A3 и BMW серија 1. Milano се базира на потполно нова платформа, на основа на која ќе биде изработена и Alfa Romeo Gullia, автомобилот кој ќе го замени моделот 159.

Платформата со име C-Evo ќе понуди можност за нови MultiAir мотори и погони на предните или сите четири тркала.

Од погонските агрегати најавени се 1,4 литарски бензински, дизел со 1.9 литри, а на врвот на понудата ќе биде 3,2-литарски V6 со 265 KS. Како и сите нови модели на Alfa, така и оваа  дизајанерски ќе одговори на актуелниот тренд кој го започна моделот 8c Cometizione.

Се уште не е донесена конечната одлука за датумот на официјалното претставување, а како можни се споменуваат саемот во Франкфурт, односно Женева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...