петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Стил / Автосвет

Нова визија за супер автомобилот на BMW

Не, ова не е официјална слика од автомобилот, туку е интересна визија за баварскиот спортски модел, која доаѓа од перото, односно компјутерот на Ноа Идриес.

Audi го има R8, Mercedes McLaren SLR и наскоро SLS, а  Lexus допрва ќе го претстави LF-A. На BMW во моментов му недостига баш тој таканаречен „halo-car“ (маркетинг термин кој се користи во автомобилската индустрија за возила дизајнирани за да го промовираат брендот, за да создадат „halo“ ефект за возилото и позитивна асоцијација за брендот). Секако, BMW ги има моделите M3, M5/M6, но искрено, тоа не е тоа.

Едно време се зборуваше за враќање на Серијата 8, па потоа за „зелен“ супер автомобил, но ништо од тоа се уште се нема реализирано, ниту пак официјално е потврдено.

Токму тоа го натера дизајнерот Ноа Идриес да му покаже на BMW како треба да изгледа тој модел. Идриес се водел од рецептот „агресивно, динамично и агилно“. Исто така, видливо е дека делумно се потпира  на студијата „M1 Hommage“ и класичните карактеристики на дизајнот на BMW. Поради драматичниот дизајн и одличните идеи, одлучивме да ви ги претставиме рендерите.



Наjновo од Стил
Есенски фризури (прв дел)
„Мадам Бовари“ на насловната страница на Playboy
Грабни ја Кендис и бегај
Први фотографии од Toyota Verso- S
Пет причини за машко-женска кавга
Nike со патики кои се заврзуваат сами
Фантастични станови: Минимализам во Берлин
Официјално: Citroen DS4
Најмалиот автомобил во светот повторно се враќа?!
Honda подготвува Jazz хибрид
Запознајте го „HumanCar“ видео
Последно освежување за Nissan GT-R
Volkswagen го лансираше новиот тркачки Touareg
G-Power Hurricane RR: Најбрза лимузина на светот
Први официјални фотографии од новиот Mercedes CLS
Morgan Eva GT - грешник меѓу автомобилите
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи