петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Стил / Автосвет

Новиот Citroen C3 драстично подобар од претходникот

После објавувањето на шпионските фотографии од новиот Citroen C3, на француската компанија не и преостана ништо друго освен што побргу да ги објави и официјалните слики.

Citroen со овој модел се обиде да понуди нешто сосема ново, а на многумина прво што им падна в очи е одлично осмислениот кров, односно ветробранското стакло кое зазема добар дел од кровната конструкција. На овој начин компанијата обезбеди доволна природна светлина во кабината.

Освен редизајнираната каросерија, Citoen C3 има поголеми димензии па со тоа и повеќе простор во кабината, која е многу поквалитетна и изобилува со многу прегради за ситници. C3 е за дури 10 сантиметри подолг и за 4 сантиметри поширок од својот претходник. Новиот модел е малку понизок а линиите имаат поголема динамика, со што се избегна сегашниот помалку „набабрен“ изглед на актуелниот модел.

Палетата на погонски агрегати за почеток ќе ја сочинуваат бензинците од 1,4 литра (со 75KS и 95KS) и 1,6 литра од 120 KS, како и 1.6 HDi дизел моторот со 75KS и 90KS. Подоцна палетата ќе биде проширена со уште неколку мотори.

Продажбата на потполно новиот, поквалитетниот и поубавиот Citroen C3 ќе започне кон крајот на годинава, но цените сè уште не се откриваат.



Наjновo од Стил
Тренд 2010 – чорапчиња во есенско издание видео
Патувања кои мора да ги доживее секој маж
Добрите танчари се поздрави и поатрактивни мажи
Како да препознаете лоша пријателка?
Шпионски фотки на Bentley Continental GT
Мали совети за подобар прв секс
Неколку трикови од познатите
Запознајте го Black Sapphire
Уловен идниот Mercedes-Benz SLK
Hyundai подготвен да го лансира ix20
Први фотографии од Toyota Verso- S
Официјално: Citroen DS4
Најмалиот автомобил во светот повторно се враќа?!
Honda подготвува Jazz хибрид
Запознајте го „HumanCar“ видео
Последно освежување за Nissan GT-R
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи