
|
 |
Стил / Автосвет
|
|
Alfa Romeo Viper пристига во Европа?
Fiat од неодамна стана сопственик на американскиот великан Chrysler, а освен тоа што ќе ги искористи американските дистрибутери за да ги пласира на пазарот во САД, планира да ги искористи сопствените продажни капацитети за во Европа да ги донесе традиционалните американски автомобили.
 Магазинот „Autocar“ објави интервју со извршниот директор на Fiat, Серџо Маркион кој вели дека Fiat планира симбиоза на двете компании, а не ривалство.
Според Маркион, Alfa Romeo е европскиот muscle car, исто како што Dodge е американски. Токму затоа, Fiat Dodge моделите во Европа ќе ги претстави под својот знак, додека моделите Alfa Romeo во Северна Америка ќе одат под знакот на Dodge.
Моделот кој привлекува најмногу внимание е секако легендарниот американски Dodge Viper. Единствен можен проблем е како купувачите ќе реагираат при купувањето Alfa Romeo Viper?
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|