Lamborghini го префрла фокусот од моќта на масата
Високите цени на нафтата и еколошките норми го зафатија и гигантот Lamborghini, кој според пишувањата на AutoWeek, се подготвува за нова развојно производна стратегија – помалку снага – помалку килограми.

Приоритетот на Lamborghini повеќе не е моќта, туку малкуте килограми и малата потрошувачка. Извршниот директор на компанијата, Стивен Винкелман изјави дека забрзувањето значи потрошувачка, а поголема потрошувачка значи зголемена емисија на CO2. Техниката која се наметнува како решение е така наречената диета.
- Ние ќе користиме композитни материјали, кои имаат соодветна цена и механички својства, вели директорот за истражување и развој Марурицио Реџино.
Италијанците исто така, планираат да ги заменат челичните елементи со алуминум и хибрид, а новите модели ќе бидат опремени со технологијата „start-stop“.
Останува да видиме дали новите Lamborghini ќе бидат исто толку брзи како сегашните. Едно е сигурно, со помалку килограми сигурно ќе биде позабавен и полесен за возење.

|