Во колку саат е 16:00?

Продуктивните секогаш го јадат од ’зафатените’ во бесконечниот налет на состаноци, телефонски повици, мејлови, брејнсторминг сесии, итн. На крајот на работниот ден, започнува студена војна помеѓу менаџерите и вработените околу тоа кој прв ќе си оди.

Ако ти е познато ова сценарио и ако чувствуваш дека животната сила ти ја цедат бесконечните часови минати во остварување на деловните цели на други луѓе, тогаш запрашај се следново: Дали можеш да ја завршиш за 7-8 часа истата работа за која што моментално трошиш по 10-12 саати? Доколку можеш да извлечеш иста или поголема вредност од сопствената работа за покусо време, нели е глупаво тоа да не го направиш?

Доколку чувствуваш дека преработувањето те истоштува, те отуѓува од луѓето што ти се важни како и од себе, тогаш прифати го Предизвикот на Четири саат. Едноставно – Секој ден оди си од работа во 16:00.

Постави си забрана за прекувремена работа: игнорирај пораки, ѕвонење на мобилен и мејлови, батали ја секоја работа по 16:00. Кога ќе дојде време, одлогирај се и оди си. Овој предизвик е прифатлив, без разлика дали работиш за себе или за Шефот, без разлика дали работиш во коцка во океан или во гаќи на сопствениот кауч.

Целта на овој предизвик е зголемување на вредноста на сопственото време преку поставување граници на сопствената достапност. Преку ’набивање’ на сопствената работа во „само“ осум часа дневно:

* Се фокусираш само на тоа што е потребно да се направи. Временското ограничување изнудува продуктивни чекори, ја подига концентрацијата и те стимулира да изнајдеш креативни методи за зголемување на сопствената ефикасност. Како бел ден ти станува јасно што навистина додава вредност на работата, а што ти го троши времето.

* Ги учиш другите да ти го ценат времето. Со редовното главење по крајот на работното време и со работата за викенди, на другите им порачуваш дека не го цениш сопственото време. Кога ќе разјасниш дека си достапен само до 16:00, соработниците двапати ќе размислат пред да те загњават надвор од работното време.

* Имаш повеќе време за други работи. Трошејќи помалку време во исполнување на целите на другите, ти остава повеќе време за себе, да започнеш сопствена работа, да бркаш жени/мажи, да пишуваш книга, да учиш странски јазици или да станеш светски рекордер во отварење пива без отварач.

* Си го подобруваш здравјето. Тоа е тоа, секое дообјаснување е излишно.

* Правиш повеќе пари. Работејќи помалку часа за истите пари, автоматски ја зголемува вредноста на твојот работен час.

Намалувањето на работните часови не е мрза или забошотување. Тоа е ценење на сопственото време и извлекување максимум од него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби