Стил / (Wo) man
Отпуштија ја познатата личност
Хедер Милс е изгласана за славна личност број еден која телевизиските гледачи најмногу ја мразат.
MSN порталот направи истражување во чест на враќањето на познатото шоу на Доналд Трамп „ Apprentice“ (Кандидат), анкетирал 9.000 гледачи на прашање на која од познатите личности би му дале отказ во стилот на телевизискиот бос сер Ален Шугар.
Над 40 отсто од гледачите ја номинирале четириесетгодишната Хедер Милд, која по минатомесечниот развод со познатиот пејачот на „Битлси“ сер Пол Мекартни доби 24,3 милиони фунти.
„Хедер Милс по неодамнешните јавни испади, чудната гардероба и судскиот процес очигледно не е миленичка на гласачите на MSN “, соопшти Мајк Лок, уредник на забавниот дел на порталот.
На високата втора позиција се најде британскиот премиер Гордон Браун, а веднаш зад него се најде познатиот британски фудбалер Дејвид Бекам.
Листа на познати личности кои би сакале да ги отпуштите:
1. Хедер Милс 42% 2. Гордон Браун 13% 3. Дејвид Бекам 9% 4. Ејми Вајнхаус 9% 5. Ешли Кол 9% 6. Пол Бурел 8% 7. Џордан 4% 8. Кејт Мос 3% 9. Џереми Кајл 3%
(Д.Т)
|