Стил / (Wo) man
Сакате долготрајна врска?
Не постои „совршена врска“. Врската е комбинација од две индивидуи кои се заедно да споделуваат сè.
Значи се формира пар, кој функционира како индивидуа, која треба да се заштитува, обожава, одржува и истражува.
Станува збор за еден од најубавите подароци и предизвици во животот. Еве неколку совети...
Бидете тука СЕГА
Сите влегуваме во врската со многу очекувања за тоа како треба да се развива и што сакаме од неа. Носиме во себе многу надежи. Надевајќи се дека врската ќе не направи среќни, здрави, дури и побогати.
Имаме многу барања, работи што ги сакаме и кои не ги сакаме. Во ова е и суштинскиот проблем. По некое време едноставно увидуваме дека сме во реалност, која не ја сакаме.
Затоа прв чекор во секоја врска би требало да е „ да се биде колку можно по присутен“ во врската, за навремено да се открие дали тоа што го имаме, е истовремено и тоа што го сакаме.
Ослободете се од грижите за иднината. Бидете со тоа што го имате во моментот.

Давајте, не земајте
Многу од очекувањата се базираат на тоа “моите потреби да бидат задоволени“. Најдобрата врска е онаа во која партнерите се фокусираат на тоа што можат да дадат, а не да земат.
Забавувајте се
Нашиот совет е : отфрлете ја сериозноста, правилата и зборовите „мора“ и „треба“ и едноставно уживајте еден во друг. Запомнете дека забавата и смеењето се најдобра медицина за душата.
Слушајте... да навистина слушајте
Престанете со сопствените идеи и дека вие знаете се најдобро. Пробајте да разговарате, да го сослушате партнерот, следете ги неговите коментари, движења и совети.
На крајот завршете го разговорот со: „Те разбирам“, „Знам дека ќе ја направиш вистинската работа“ или „Те сакам“...

Бидете повеќе наклонети, срдечни
Допирајте го партнерот, без сексуални намери. Вежбајте заедно. Поминувајте време во природа. Бидете сензуални, преку заедничко уживање во сонцето, водата, песокот...
Бидете романтични
Романтичноста оживува, кога и фантазијата. Предложете му на партнерот нешто ново, нови идеи за поминување на заедничкото време.
Пишувајте си меѓусебни пораки, купувајте си интересни подароци и смислувајте си смешни нагалени имиња.
Гледајте го најдоброто кај партнерот
Најдолги и најуспешни бракови се на оние парови кои пред се, се најдобри пријатели. Ова влева компатибилност, почит и доверба.
Вие сте заедно поради некоја причина. Врските секогаш не учат по нешто за самите себе си и ако сме храбри да ја прифатиме вистината, можат да ни помогнат да пораснеме, да се развиеме и да пронајдеме нови можности.
Едноставно врските се нашиот најголем духовен предизвик.
(M.Ж)
|