Стил / (Wo) man
Договорете состанок со самите себе
На сите нас ни треба време да ја повратиме изгубената енергија и да ги трансформираме аспектите од нашиот живот, кои не функционираат како што треба.
Затоа е најдобро да закажете состанок со себе си и да ги следите следниве чекори.
Одделете период од денот само за вас.
Пригответе си мирислива купка. Ќе ви бидат потребни следниве работи за остварување на „сопствената временска сеанса“:
1. Весник
2. Четка за триење
3. Масло со посебни екстракти и арома, кои ќе ги задоволат вашите потреби за капење
4. Добра книга за подигање на самодовербата
5. Чинија полна со овошје и зеленчук

Започнете го денот со прошетка во природата и уживање во сонцето и свежиот утрински воздух.
Можете да си направите резиме за тоа што сакате да го сторите во неколку наредни месеци.
Напишете ги целите што сакате да ги постигнете во наредниот период.
Можат да бидат поделени на: љубовни, семејни, забавни, спиритуални, за личен напредок и финансиски. На овој начин ќе добиете поголема претстава за сето она што бара повеќе внимание.
Запалете свеќи околу кадата и релаксирајте се, се додека се чувствувате пријатно.

Почестете се себе си за сите квалитети и работи во вашиот живот кои сте ги искористиле и направиле на вистинскиот начин.
Посветете време на книгата која ја имате избрано. На крајот на денот креирајте „пораки“ кои ќе ги повторувате секое утро. На пример:
„Се ослободувам од сите мои грижи за иднината. Се е добро во мојот живот.“
„Избирам да сум насмеана и позитивна со другите луѓе. Тоа ме прави да се чувствувам прекрасно.“
„Вратите до мојата среќа се отворени. Јас сум возбудена за иднината.“
Имајте еден од ваквите типови на состаноци со самите себе и ќе ја почувствувате разликата во сите аспекти на животот.
(M.Ж)
|