Стил / (Wo) man
Џет-куќа брза и при мирување
Ова не е некој нов авион или НЛО. Ова е куќа дизајнирана од Џером Оливет. Џет-куќата е дизајнирана да личи како некое супербрзо летало дури и кога нејзината бетонска основа е прицврстена на земјата. Само разгледајте ги долните слики и ќе видите дека се работи за градба од два ката во која има сместено лифт. Стилскиот дизајн кој Оливер го нарекува “биоморфски“, има меки, заоблени линии кој даваат смирувачки ефект. Но, како што знае секој кој се бави со градежништво, колку позаоблен облик има градбата, толку е поскапа за градење. Меѓутоа, за ваква градба на море, веруваме дека богаташите нема да штедат. 



(Б.Т)
|