Стил / (Wo) man
Како до Холивудски гради

Скоро сите гради во Холивуд изгледаат прекрасно, почнувајќи од Викторија Бекам дури до Кетрин Зета- Џонс, без разлика дали имаат 20 или 50 години. Кога се на црвениот тепих, во дизајниран фустан, мораат да изгледаат беспрекорно. Споредбата со градите на големите ѕвезди, создава огромен притисок кај обичните луѓе. И додека бизнисот на имплантантите за гради цути, со сигурност може да тврдиме дека силиконите не се погодни за сите. Операциите можат да имаат сериозни здравствени последици: Контраиндикации на анестезијата, пукање на имплантантите, инфекции, дури и протекување на силиконите. На крајот, финалните резултати едноставно можат да не ви се допаднат. Затоа постојат други начини за зголемување на големината на градите, со избегнување на сечењето со нож. Почнувајќи од ботокс инјекциите, па до електрична акупунктура. Некои третмани ветуваат зголемување на големината на градите, а другите ветуваат подмладување на изгледот. Затоа ние ви нудиме водич за да се запознаете што е квалитетно, а што е залудно трошење на пари. Ботокс Се нарекува уште и чудо за брчките, но истовремено позитивно влијае врз коригирање на големината на градите. Дерматологот на ѕвездите ДР. Патриција Векслер изјавила дека станува збор за многу корисен третман, кој е фантастичен. „ Дава одлични резултати како на лицето така и на градите. Ги парализира помалите градни мускули. Со нивно ослабување, поголемите мускули автоматски се зголемуваат и градите ќе се кренат.“ Третманот може да се изведе на било која големина на гради и трае 3 до 4 месеци. Станува збор за поскап третман, кој чини околу £1.000 за двете гради, без лузни, без болка и без време за заздравување. Но со Ботокс не треба да се претерува. Истражувањето покажало дека Ботокс - от може да мигрира на другите делови од телото, па дури е најден и во ткивото на мозокот. 
CO2 Третмани Се смета за вистинско откритие, кое е од скоро достапно во Британија. „Ништо подобро не дејствува на незатегната кожа и на не еластична како овој третман. Не треба операциски потфати во најголем број на случаи. Ефектите се навистина револуционерни“, изјавил францускиот доктор Набет. Карбон диоксид се вбризгува со инјекција под површината на кожата со погодни игли. Резултатите се однесуваат на зголемени неколку ќелии и секако помлад изглед на кожата. Третманот треба да се повторува на секои 6 месеци, а чини £100 за секоја сесија. Електрична акупунктура Денеска салоните за гради во Лос Анџелес се полни со ѕвезди кои посетуваат секојдневни сесии на електрична акупунктура, за зголемување на градите. За 16 часа и 30 минути, иглите се поставуваат во градите, за да пренесат пулсирање од електричната струја. Оние кои веќе го имаат применето третманот потврдиле дека истиот овозможува зголемување на градите за еден број. Техниката се изведува без лузни, а може да трае 6 месеци или засекогаш. За разлика од имплатантите, можете да го предвидите точниот број на гради кој ќе го имате. Третманот во главно е наменет за пеглање на брчките, за затегнување на очните капаци и сл., кој дава одлични резултати. Инјекција за дебелеење Третманот се користи со многу мали инструменти на липосукција, се зема подебел дел од стомакот или од бутовите. Потоа се прочистува и се вбризгува во градите. Процедурата треба да се повторува на неколку месеци, затоа што ефектите се видливи само 3 месеци. Чини просечно од £1.500 до £2.500 од третман. (M.Ж)
|