Стил / (Wo) man
Утринско раздвижување
Дали се препознавате во следнава ситуација: Лежите во креветот наутро и си зборувате: „Ќе вежбам после работа“, или „Ќе почнам од понеделник... ветувам“???
Ако наутро вежбањето е првата работа која ви паѓа на ум, тоа е добар почеток. Некое утро можете да имате слободни само 10 минути за трчање, но важно е да се искористат, затоа што подобро е нешто да се работи, организмот да може да се раздвижи.

Но, зошто наутро...?
1. Колку порано го раздвижите метаболизмот, толку ќе биде подолго активен, дури и 24 часа и секако побрзо ќе ги согорува калориите.
2. Многу луѓе откриваат дека утринските вежби го регулираат нивниот апетит.
3. Кога вежбате наутро создавате чувство на ревитализација на организмот. Тоа ќе создаде промени во целокупниот ден.
4. 90% од луѓето кои вежбаат редовно, тоа го прават наутро. Еднаш кога ќе стекнете навика, многу е полесно да го одржувате тој режим.
5. Би требало да вежбате во исто време секое утро, со тоа ќе стекнете навика да се будите во исто време. Телото за брзо време ќе се навикне на новата дисциплина.

6. Во презафатениот распоред, честопати секој ќе најде некоја друга работа наместо да вежба.
Вежбањето наутро е единствениот начин да бидете сигурни дека ништо нема да ви се испречи на патот.
7. Утринските вежби се повеќе од физичко искуство. Некои луѓе гледаат како на време кои го посветуваат на негата на своето тело и душа.
Другите го користат тој период да си го испланираат денот, да си ги ослободат мислите или да се молат.
8. Истражувањето покажува дека со вежбање ќе се чувствувате во форма и после 4 до 8 часа по вежбањето, а ќе бидете и попродуктивни на работното место.
9. Секогаш може да се најде време за вежбање наутро. Луѓето кои вежбаат редовно имаат поквалитетен сон и помала потреба за спиење.
(M.Ж)
|