петок, 11.04.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Куќи против гравитацијата

Погледнете ги следниве 15 исклучително интересни куќи со нивната кратка биографија и изберете ваш фаворит.

Гангстерска куќа (Архангелск, Русија)
Иако не е довршена, гангстерската куќа со своите 13 ката и вкупна висина од 48 метри се смета за највисока дрвена куќа во светот. Нејзиниот сопственик, гангстерот Николај Сутиагин имал намера да ја заврши целата, но сонот му пропаднал откако бил затворен по трет пат. Денес, иако на слобода, нема пари да ја доврши куќата и живее само на првиот кат.

Слободен дух (Британска Колумбија, Канада)
Овие дрвени сфери можат да се закачат за било која цврста подлога (дрво, гребен, мост итн) и кон нив се пристапува со мост каков што користеле домородците. Потребно е и мрежа од јажиња за дополнително прицврстување на страните или пак може да се остави слободно да се движи во воздухот.

Обратна куќа (Сизмбарк, Полска)
Куќата е тотално безсмислена, но тоа е и целта на дизајнерот Даниел Чапиевски. Куќата е дизајнирана како забелешка на полската комунистичка ера и преставува интересен споменик кој вреди да се посети.

Кактус куќа (Ротердам, Холандија)
Првичната идеа за оваа градба не била да изгледа интересно туку да се максимизира светлосниот ефект на секој апартман на секој спрат. Секој апартман има свој балкон со приватна градина и доволно сончева светлина од секој агол.

Летачки замок (Украина)
Потпрена на само еден носечни столб, оваа мистично летачка куќа припаѓа на украински научник. Се тврди дека претставува стар склад за вишокот на минерално ѓубриво. Но, сигурно постои некоја скриена приказна.... може вонземјани чепкале нешто таму.

Куќа печурка (Синсинати, Охајо)
Куќава личи како да е склопена од различни делови кои прво биле одлепени, а потоа залепени на неа. Оваа куќа е дизајнирана од професор по архитектура и внатрешен дизајн на Универзитетот во Синсинати, Тери Браун и нејзината сегашна вредност изнесува 400.000 долари.

Коцкаста куќа (Ротердам, Холандија)
Иако за куќава може да се каже дека е дефинитивно изгубен простор, луѓето кои живеат во неа велат дека е многу удобна. Куќата која е свртена под агол од 45 степени содржи 4 коцки. Во секоја коцка има по 3 спрата и тоа дневна со кујна и бања на едниот спрат, спални соби на вториот кат и пирамидална соба на третиот кат (таван) која се користи како платформа за набљудување.

Куќа на дрво (Ириан Јана, Индонезија)
За разлика од останатите куќи на дрво кои се сместени на гранките, оваа куќа е сместена на врвот на дрвото. Освен стравот од јак ветер, треба да се уплашите и од скалите кои водат до неа.

Апартманите Возоко (Амстердам, Холандија)
Холандските власти имаат регулатива која определува најмала количина на светлост при изградба на апартманите, која архитектите заборавиле да ја применат. Потоа, за да не им ја срушат градбата дошле до решението да додадат нови 13 станови кои ќе висат на северната страна на зградата и кои нема да спречуваат определеното количество сончева светлина да поминува.

Ротирачка куќа (Фрајбург, Германија)
“Зелена“ до максимум, архитектот Ролф Диш изградил куќа со соларни панели која се врти кон сонцето во зима и со изолираниот дел во лето (за да не се прегрева).

Гравитациона куќа (Џоџа, Австралија)
Обиколена со бујна вегерација и диви животни, оваа двоспратна куќа лежи над висок кањон.

Хабитат 67 (Монтреал, Канада)
Апартманите се споени и изгледаат како да се од лего коцки. Без традиционалната вертикална конструкција, располага со отворен простор кој многу градски градби го немаат.

Осамена куќа
Инспирирана од дизајнот на градските билборди, ова е изненадувачка куќа поставена на столб и која може да се стави на било кое место и за брзо време.

Куќа мешунка (Њу Рошел, Њу Јорк)
Оваа комплекс на чудни, топчести куќи како да се инспирирана од некој филм со вонземјани. Куќите се поставени на столб и споени со бетонски патеки.

Набрана куќа (Дарвин, Австралија)
Необично е да градите висока и тесна куќа во место каде има циклони, но некој од тоа не се плаши. Дури и куќата да биде одвеана од ветер, соларните панели и колекторот на дожд нема да се поместат.

(Б.Т)




Сродни вести
Џет-куќа брза и при мирување
Креативна куќа за слободни умови
Нема да излезете лесно
Тетрис полици за вашиот дом
Ролшули од Emporio Armani
Брзи и лесни анти - стрес идеи
Спуштените гради и градници
Внимателно со бојадисувањето на косата
Куќи против гравитацијата фото галерија
Kако до перфектни усни
Масажа создадена за вашиот партнер
Џет-куќа брза и при мирување
Договорете состанок со самите себе
Отпуштија ја познатата личност
Креативна куќа за слободни умови
Утринско раздвижување
Сакате долготрајна врска?
Нема да излезете лесно
Тетрис полици за вашиот дом
Како до Холивудски гради
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
0500 44 555
Курс по астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи