Стил / (Wo) man
Масажа создадена за вашиот партнер
Рефлексологијата се базира на рефлексите кои се јавуваат на стапалата и рацете, кои пак делуваат на другите делови од телото.
Со масирање на одредени делови од стапалата, се зголемува циркулацијата и се стимулира телото, проблематичните области имаат помалку болка.
Ние ви нудиме краток водич за прекрасен третман кој можете да му го пружите на вашиот партнер:
Чекор 1
Седнете спротивно од партнерот. Ставете перница под неговите нозе, за да се чувствува поудобно. Земете малку пудра за бебиња и нанесете ја околу стапалата.
Користете пудра наместо масло, зашто ја прави масажата полесна и буди чувство на возбуда.
Чекор 2
Земете ги стапалата на партнерот наизменично во рацете и масирајте ги, со брзи движења од горе, надолу, по внатрешната страна.
Потоа пробајте со ротациони движења, кои го намалуваат уморот и напнатоста. Држете го стапалото за зглобот од ногата и правете ротациони движења со целото стапало. Оваа овозможува ефекти на опуштање.
На крајот истегнете го стапалото нагоре, па надолу за нозете да се релаксираат.

Чекор 3
Откако ќе завршите со манипулацијата на стапалото, време е да почнете со загревање на истото. „Загревање“ е најдобра техника во рефлексологијата.
Тоа се создава со притисок на стапалото. Масирајте ја внатрешната средина од стапалото, која е во корелација со стомакот и мочниот меур.
Работете дијагонално по стапалото. Оваа област е во корелација со очите и ушите. Раздвижете ги прстите.
Започнете со поголемите прсти, кои делуваат мозокот, а потоа одете на другите, помалите, кои делуваат на синусите.
Чекор 4
Како завршно се врши пукање на ножните прсти. Ако партнерот нешто ви има погрешено, масажата можете да ја изведете со малку посилен идентитет.
(M.Ж)
|