Стил / (Wo) man
Дали сте зависни од врската?
Дали преферирате да бидете во несреќна врска повеќе, отколку да бидете сами?
Можеби станувате зависници од врската. Зависниците најчесто се откажуваат од своите желби, го ставаат партнерот пред сопствениот прогрес, стануваат целосно опседнати и сакаат да го задоволат во секој поглед.
Како симптоми кои укажуваат на зависност од врската се:
1. Ниско само вреднување
2. Одбивање или не слушање на сопствените чувства
3. Преголема желба да се задоволи партнерот и занемарување на сопствените потреби.

Ако се пронајдете во долу наведените примери, потребно е да го промените сопствениот став кон врската:
• Минимизирање, или отфрлање на сопствените чувства.
• Не барате од другите да ви ги задоволат желбите или потребите.
• Го вреднувате одобрувањето на другите за она што го мислите, чувствувате или како се однесувате.
• Менталното внимание ви е фокусирано на партнерот.
• Целосно сте посветени на решавање на проблемите на партнерот.
• Повеќе сте свесни за чувствата на партнерот, отколку на своите.
• Вашиот страв да бидете одбиени, како ќе реагирате или ќе се чувствувате.
• Да бидете некому потребни, за вас значи да се чувствувате вредни.
• Не дозволувате луѓето да ве видат лути.
• Се чувствувате одговорно за чувствата на другите.
• Никогаш не кажувате не, и никогаш не барате помош.
• Останувате во врската, која ви штети само поради чувство на должност.
• Секогаш влегувате во врска со погрешна личност, кој пие, се дрогира или ве малтретира.
(M.Ж)
|