Премногу работа, премногу одговорности и многу малку време за секоја жена да си посвети себе си.
А луѓето кои советуваат едночасовна медитација или редовна масажа, едноставно не разбираат што значи да се биде жена, работник и мајка на три деца. Но, што после сè?
Не е сè загубено. Постојат брзи и едноставни совети да се релаксирате ако чувствувате дека животот ви се состои од премногу обврски.
„Воки- токи“- Одете на 20 минутна прошетка со вашата пријателката секој ден. Не само што ќе вежбате, туку и ќе можете да разговарате со пријателката.
Направете си топла купка - Бањата многу релаксира, а само 10 минути лежење во кадата, може да направи чудо за состојбата на мислите, циркулацијата и генералното чувство на добра состојба.
Разговарајте по телефон со другарката - чувствителното уво за само неколку минути ќе направи стресот да го снема.
Потпрете се на бабата и дедото - Бабите и дедовците сакаат да ги чуваат своите внуци. Искористете го тоа, но не злоупотребувајте го. Ако се потпрете на нив, лесно ќе можете да си организирате вечерно излегување или слободен викенд за вас и вашиот партнер.
Гответе на големо - Кога готвите, тоа нека биде во огромни количини. Она што нема да се изeде од прв пат, наредниот пат може да се подгрее, а вас да ве поштеди од повторно готвење.
Исплачете се - Плачењето е добро за ослободување од стресот и го зголемува нивото на серотонинот. Не би било во ред да плачете по трипати на ден, но од време на време е прекрасна идеа.
Купувајте преку Интернет - Ако работите, значи дека го посетувате супермаркетот само кога е преполн. Логирајте се на Интернетот и избраните производи ќе ви бидат доставени до дома.
Барањето преку Интернет е помалку стресно, отколку буткање во гужвата пред каса за плаќање.
Одете често на прегледи - Проверете дали сте анемични, алергични, или имате проблеми со спиење. Зошто самите да се борите, кога медицината може да ви биде од голема помош?
Земете си слободна вечер - Испратете ги мажот и децата на прошетка, a вие уживајте сама во куќата. Читајте книга, легнете си порано, разговарајте... - се што ви одговара.
Прескокнете го миењето на садови барем за оваа вечер.
Масажа - Научете го вашиот маж како да ви ги масира рамениците и грбот.
Секогаш ќе можете да му ја вратите услугата, но убаво е да се има некој баш кога ви е најпотребен.
(M.Ж)