Стил / (Wo) man
Внимателно со бојадисувањето на косата
Незадоволни или желни за брзи промени, во оваа ситуација жените најчесто се одлучуваат да ја сменат фризурата или бојата на косата, со цел да се извлечат од маѓепсаниот круг на лошо расположение. Промената за која е потребно половина час се чини како добар почеток, но тоа не е најдоброто решение, особено ако тоа го правите во „домашната работилница“.
 Кога ќе се одлучите ја бојадисате косата, не правете го тоа импулсивно, туку добро размислите за тоа што сакате. Дали драстично да ја смените бојата или само да и дадете поживи тонови. Побарајте палета на бои и примероците споредете ги со бојата која ја имате во моментот и согласно со неа и своите желби изберете ја новата. На амбалажата проверите за каква боја станува збор и во која мера ќе ја прикрие сегашната боја на коса.

Најзначајната разлика меѓу боите и преливите е токму во нивната јачина и интензитет на делување. Преливот почнува да избледува после шест до осум миења, додека бојата е значително попостојана. Доколку сакате драстично да ја осветлите косата, преливот нема да ви помогне бидејќи ќе ја осветли за две до три нијанси од сегашната боја. Преливот нема да ги прекрие белите влакна. Не заборавајте дека со драстичната промена на бојата на косата, оди и обврската за редовно обновување, во спротивно ќе имате подникнати корења во друга боја, кој не само што веќе одамна не се во мода, туку и изгледаат лошо. Кога ќе се презаситите од бојата повторно ќе мора да ја бојадисувате или да чекате да ви израсне природната.
Правила: Бојадисаната коса третирајте ја со препарати наменети за таква коса, бидејќи содржат состојки кои се нужни за дополнителна нега.

Доколку се одлучите за сами да биде свој мајстор, тогаш добро прочитајте го упатството за користење на бојата и проверите дали сте алергична не некоја од состојките. Бојата обично содржи амонијак, кој може значително да ја надразни кожата на главата. При нанесување на бојата заштитете ги рацете и внимавајте бојата да не дојде во допир со очите. Доколку одбраната боја ја користите за прв пат, направете го малиот алерготест согласно препораките кои се во упатството. Доколку нема несакани последици, бојата слободно нанесете ја на целата коса. Внимавајте притоа да не ја бојадисате кожата околу ушите, на челото или вратот бидејќи потоа, особено ако станува збор за црвена или темна боја, ќе имате грди дамки по кожата. Откако бојата доволно ќе отстои, измијте ја со млака вода. Користете благи шампони и балсам, кој обично оди со самата фарба. И за потсетување бојадисаната коса третирајте ја со препарати наменети за таква коса, бидејќи содржат состојки кои се нужни за дополнителна нега.
(Д.Т)
|