понеделник, 14.04.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Збогум на болките од високите потпетици

Доколку сакате да изгледате секси во вртоглаво високите потпетици, нема друга солуција освен да се согласите на болка, плускавци и повторно болка. Но судејќи според новата колекција на чевли на модната марка „Marks & Spencer“, тие денови се минато.

Благодарение на посебните влошки, пролетната колекција на чевли „Per Una“ овозможува пријатен и комфорен од. Посебната влошка ја преместува тежината на телото од предната страна на стапалото на петата, поради што имате чувство дека сте на многу помала потпетица отколку што навистина е. На тој начин простите се ослободуваат од преголемиот товар, а покрај тоа што чевлата е покомфорна и држењето на телото е многу поприродно.

Новата технологија на произведување на обувки со вградени влошки наречени „insolia technology“ е применета на триесет и пет чифта  чевли со пета повисока од четири сантиметри. Нејзин идеен творец е светски познатиот ортопед Ховард Дананберг кој тврди дека чевлите со потпетица повисока од пет сантиметри предизвикува 60 отсто поголем притисок на прстите отколку чевлите со рамна пета. Новите влошки, според Дананберг го намалуваат овој процент на 22 отсто, при носење на чевли со умерено висока потпетица.

Познатиот мајстор за акупунктура Гери Трејнер, омилен кај холивудските ѕвезди од типот на Гвинет Палтроу, Џуд Ло и Ема Томпсон, објаснува дека за ногата најздраво е кога е на рамна пета, или на онаа која е со висна од еден сантиметар.

„Префрлување на тежината од предниот на задниот дел на стапалото е голем напредок и олеснување, бидејќи така е постабилен и центарот за рамнотежа. Жените  имаат двапати повеќе проблеми со колената отколку мажите, и тоа токму поради носењето на високи потпетици. Долготрајното носење на чевли со високи потпетици може да резултира со скратување на Ахиловата тетива, настанување на плускавци, како и појава на болки во долниот дел на половината“, предупредува Трејнер.

Некои медицински експерти пак како најтешка последица од долготрајното носење на високи потпетици ја наведуваат и појавата на неплодност.




Збогум на болките од високите потпетици
Музеј за вести
Шминкање во 5 чекори
Најмалата и најскапа куќа во Бруклин
Пролетно уживање
Ролшули од Emporio Armani
Брзи и лесни анти - стрес идеи
Спуштените гради и градници
Внимателно со бојадисувањето на косата
Куќи против гравитацијата фото галерија
Kако до перфектни усни
Масажа создадена за вашиот партнер
Џет-куќа брза и при мирување
Договорете состанок со самите себе
Отпуштија ја познатата личност
Креативна куќа за слободни умови
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
0500 44 555
Курс по астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи