Стил / (Wo) man
Грешки при шминкање
Шминкањето е основно обележје на секоја жена. Не ретко се прават различни грешки при нанесување на шминката, или при избор на алатките за шминкање.
Ви даваме некои карактеристични проблеми и совети, како да ги надминете грешките:
Проблем 1- Имате темни кругови под очите.
Што да направите - темните кругови можат да бидат генетски, или пак само привремен проблем, како резултат на малку спиење, проблеми со синусите или пак нездрав начин на живеење. Затоа најдобро е да користите коректор за под очите.

Проблем 2 - Вашата подлога не одговара со тенот на кожата.
Што да направите - Денеска на пазарот постојат различни подлоги за лицето, кои можат да се прилагодат на тенот на вашата кожа.
Се уште не е лесно да се најде вистинската нијанса.
Добра идеа - Секогаш тестирајте ја подлогата на природно светло - не треба да ја тестирате на светлото во продавницата, кое може навистина да ве збуни. Носете огледало со вас при тестирање на подлогата.
Изберете 3 нијанси кои според вас најдобро одговараат на вашата кожа и нанесете ги на линијата од вилицата.
Потоа излезете надвор, на природната светлина, пред да донесете одлука за купување.
Или пак побарајте од продавачот тестер, кој ќе го пробате дома.

Проблем 3 - Имате проблеми со користење на четките и сунѓерите, кои одат заедно со сенките за очи, со руменилото и сл.
Што да направите - Ако сакате да нанесете шминка како експерт, потребни ви се вистински алатки. Изберете високо квалитетни, професионални четки за шминкање.
Постојат 5 типа на четки, кои секој професионалец ги користи:
1. четка за пудра- не е голема и е малку заоблена.
2. четка за руменило- е помала од четката за нанесување на пудра, а може да се користи и за нијансирање на очите.
3. четка за нанесување на шминка на очите- мала е, мазна и заоблена.
4. четка за истакнување на аголот на очите - мала е , тркалезна, со дијагонални остри влакненца.
5. Четка за усни.
Проблем 4 - Вашата маскара нема ефект.
Што да направите - маскарите се високо специјализирани и можат да создадат прекрасни резултати.
Зависно од тоа дали станува збор за зголемување на волуменот, за издолжување или само дефинирање на трепките, изберете ја онаа која најмногу ќе одговара на вашите потреби.
(М.Ж)
|