Стил / (Wo) man
Најмалата и најскапа куќа во Бруклин
Куќата лоцирана во близина на раскрсницата помеѓу Авенија Т и Ван Сиклен се верува дека е најмалата куќа во Бруклин.

Окупирајки го просторот од патеката наменета за паркирање возила на соседната куќа, ова “собче“ е поставено на парцела со ширина од 2,2м и должина од 34,6 метри и има внатрешен простор од скоро 34 метри квадратни.
Имотот со себе вклучува: комплетно реновирана влезна патека, реновирана бања, нова кујна со шпорет, нова машина за перење алишта, кревет на спуштање поставен на ѕид, 2 сателитски антени и клима уред.

Иако во ширина не може да се мери со лондонската најтесна куќа, сепак според сите пропорции, бруклинската куќа е помала.
Ако ништо друго, во неа можете да преживеете, но да платите 179,000 долари за неа? – Не верувам.
(Б.Т)
|