вторник, 15.04.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Машката естетска хирургија цвета поради Саркози

Се повеќе мажи на возраст од 40 до 50 години се одлучуваат за естетска хирургија за подмладување благодарение на „Саркозиевиот синдром“, наречен по името на францускиот претседател Никола Саркози, кој по втор пат се ожени со  многу помлада жена, покажуваат најновите медицински истражувања.

Само во првите три месеци од годината, за 57 отсто пораснал бројот на мажите – пациенти во Велика Британија кои побарале лекарско мислење за ботокс инјекциите, што е драстичен скок во споредба со првото тримесечје на 2007 година, оценува британското медицинско здружение „Haley“.

Бројот на мажите кои направиле пластична операција за намалување на градите пораснал за 42 отсто, додека 43 отсто се зголемил бројот на припадниците на посилниот пол кои направиле микродермоабразија (обновување на горниот слој на кожата), покажуваат статистичките податоци.

За драстичниот пораст на машката пластична хирургија, според лекарите,  заслужен е  „Саркозиевиот синдром“.

„Хирурзите заклучиле дека повеќето мажи се одлучуваат за естетска хирургија бидејќи нивната новата партнерка е многу помлада, а тука е Саркозиевиот синдром кој се однесува на брак со 10 до 20 години помлада жена“, вели Лиз Дејл, предводник на научното здружение.

Новата сопруга на францускиот претседател Карла Бруни е тринаесет години помлада од педесет и тригодишниот Саркози.

„Мажите најчесто бараат пластична хирургија поради брчките околу устата и на челото, кои им ги откриваат нивните години“, изјави лекарот Џулијан Нортовер.

(Д.Т)




Машката естетска хирургија цвета поради Саркози
Митови и факти за козметичките производи
Дали сте зависни од врската?
Мултифукционална тркалезна соба
Збогум на болките од високите потпетици
Музеј за вести
Шминкање во 5 чекори
Најмалата и најскапа куќа во Бруклин
Пролетно уживање
Ролшули од Emporio Armani
Брзи и лесни анти - стрес идеи
Спуштените гради и градници
Внимателно со бојадисувањето на косата
Куќи против гравитацијата фото галерија
Kако до перфектни усни
Масажа создадена за вашиот партнер
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
0500 44 555
Курс по астрономија
Траен налог
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи