вторник, 15.04.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Митови и факти за козметичките производи

 Честопати луѓето се скептични при користење на козметичките производи, плашејќи се од сигурноста на состојките од кои истите се направени.

Ние ви даваме информации за да се ослободите од сопствените сомнежи.

Мит: Козметичките производи не се прилагодливи.

Факт: Храната, лекарствата, козметичките производи, мора да содржат состојки кои се сигурни, а етикетата мора да е точна и без лажни податоци.

Во САД постои Администрација за храна и лекови (FDA), која има легален авторитет врз козметичките производи, нивни производи, храна и лекарства, која може да преземе моментална акција за спречување на продажба на козметичките производи, кои не ги исполнуваат стандардите.

Мит: Козметичките производи содржат опасни, токсични состојки.

Факт: Сите состојки во козметичките производи мора да се сигурни. Ако истите не се испитани на етикетата мора да стои:„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“:

„Сигурноста на производот не е испитана“. Во САД, производителите според законот мора да имаат загарантирана сигурност на нивните финални производи и состојките во нив.

Мит: При проценување на сигурноста на козметичките состојки не смее да дава мнение една личност.

Факт: Секоја козметичка индустрија мора да има тим на експерти, кои го испитуваат квалитетот на произведените производи.

Мит: Козметиката и производи за нега честопати содржат состојки кои го зголемуваат ризикот за канцер и токсичноста.

Факт: Не постои уверливо истражување кои потврдува дека постојат козметички производи или производи за нега, кои имаат токсични материи и предизвикуваат рак.

Всушност хемиските материи кои предизвикуваат карцином, воопшто не се користат при производство на козметиката.

Мит: Козметичките компании можат да користат кои сакаат состојки во нивните производи.

Факт: Според законот, секој производ на полицата мора да е сигурен. Дури самите компании ги потенцираат здравите состојки во нивните производи за да имаат поголем маркетиншки ефект.

Мит: Дејството на производите за нега на кожата е преувеличено; сапунот и водата некогаш може да го постигнат истиот ефект.

Факт: Науката за нега на кожата многу напредна последните 20 години. Самите производи содржат состојки со смирувачко дејство, против староста, флеките и брчките, кои се многу делотворни за кожата на лицето.

(M.Ж)




Грешки при шминкање
Машката естетска хирургија цвета поради Саркози
Митови и факти за козметичките производи
Дали сте зависни од врската?
Мултифукционална тркалезна соба
Збогум на болките од високите потпетици
Музеј за вести
Шминкање во 5 чекори
Најмалата и најскапа куќа во Бруклин
Пролетно уживање
Ролшули од Emporio Armani
Брзи и лесни анти - стрес идеи
Спуштените гради и градници
Внимателно со бојадисувањето на косата
Куќи против гравитацијата фото галерија
Kако до перфектни усни
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
0500 44 555
Курс по астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи