Стил / (Wo) man
Дали ви се потребни промени?
Некои познати личности ја менуваат бојата на косата, толку често како и нивните чанти.
Драстични промени на бојата на косата можат да бидат огромно освежување на вашиот изглед, но станува збор за нешто со кое не треба да се брза.
Ви нудиме совети како да изберете совршена боја на косата:
Земете ја во предвид бојата на вашата кожа - пред да изберете боја, бидете сигурни дека ќе одговара на вашиот тен.
Ѕвездите најчесто избираат тонови кои се комплементарни со нивната природна боја на косата.
Така на пример тенот на Никол Кидман не е соодветен за темно кафеава или црна боја на косата, бидејќи ќе се создаде преголем контраст, кој дава изглед на умор.
Од друга страна пак, личностите со тен како Пенелопе Круз или Хали Бери, треба да избегнуваат плави нијанси на косата.

Некои бринети треба да размислат два пати пред да се претворат во блондинки, особено ако имаат темни веѓи, зашто косата едноставно ќе им изгледа не природно.
Најдобар начин да изберете соодветна боја е да пробате перика во некое фризерско студио. Посебна нега треба да се одржува на косата, без разлика дали станува збор за светли или темни нијанси.
Затоа постојат соодветни средства шампон и регенератор, кои ја прави косата поцврста, а бојата подолготрајна.
Шампони и регенератори за блондинки, бринети и црвенокоси, дизајнирани за одржување на бојата и заштита од оштетување.
Косата влева самодоверба кај жената. Многу е битно секоја промена да се воведе, но со претходно добро размислување и разгледување на опциите.
(M.Ж)
|